Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОСНОВЕН СУД ВИНИЦА

НАДЛЕЖНОСТ

Законот за судовите (Службен весник бр.58/06 и 150/10)

(1)Основните судови со основна надлежност за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци, и тоа:
- за кривични дела за кои со закон како главна казна е определена казна затвор до пет години, ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд,
- за кривични дела за кои со посебен закон е определена надлежност на суд со основна надлежност,
- да спроведуваат истрага или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
- за сите видови прекршоци, освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или органиџација или друг орган што врши јавни овластувања и
- за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.

(2) Основните судови со основна надлежност се надлежни да одлучуваат во прв степен по граѓански спорови, и тоа:
- за спорови во имотно-правните и други граѓанско-правни односи на физички лица, чија вредност е до 50.000 евра во денарска противвредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
- за законска издршка,
- за чување и воспитување на деца,
- за смеќавање на владение,
- за доживотна издршка,
- за надоместок на штета која не надминува 50.000 евра во денарска противвредност,
- во постапка за обезбедување и извршување,
- за работни односи,
- во спорови од наследно-правни односи,
- да водат тапии и
- за други работи утврдени со закон.

Основниот суд во Виница е основан за подрачјето на општината Виница.

ОБРАСЦИ


ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ
 
ОДЛУКИ НА ОСНОВНИОТ СУД ВИНИЦА
 
Искористете ја формата прикажана подулу за пребарување во базата на одлуки на Основниот Суд Виница.
За подобро филтрирање на резултатите искористете ги и дополнителните полиња за категорија на документот и датум.
 
име или дел од името:
категорија и/или подкатегорија:
датум на донесување на одлуката:
од:   до: