|
|
|
 |
Најчесто Поставувани Прашања
Од: Марија Андреевска 28.12.2011 Категорија: Барање за пристап до информација од јавен карактер
Прашање: На 4.05.2012 треба да ми престане работниот однос, по основ на одење во пензија , со навршени 64 години возраст и работен стаж од 35 години и 11 месеци. Согласно законот за Работни односи, колку работни денови можам да користам годишен одмор за 2012 година?
Одговор: Вас Ве следува максимален број на денови за годишен одмор. Во Вашиот случај тоа се 26 работни денови, а на Ваше барање можете да добиете и уште 3 работни денови „за старост“, па севкупно би биле 29.
|
Од: Проф.д-р.Хасан Хода 19.07.2011 Категорија: Барање за пристап до информација од јавен карактер
Прашање: Прво ви се извинувам. Уште едно прашање,што е во интерес на многумина од образовната бранша.Во местото на живеење с.Неготино Полошко,односно во ОУ„Наим Фрашери„ се објави јавен оглас во дневниот печат КОХА.Без да се (објават)именѕваат подрачните училишта,каде меѓу друго с барле 3 проф. за албански јазик.Учил.одбор беѕ да дискутира за документите на новитеконкуренти,без записник,ги именува 3 професорки кои бе на работа во Централното училиште.Тиа и натаму продолжиле со работа со коктел часови од други предмети,како англиски,македонски,и друго,додека во спомнатите подрачни училишта за каде беше објавен огласот предават луѓе со средно не стручно образование.Поднесов представка до сите релевантни фактори по образование па и до ДПИ-подрачна Гостивар, трудовата инспекција.ПД инспектор ми се обратил со известие,кои исто така вршил површинска контрола со зборовите: -од констатираната состојба се направи записник со бр.21-56/2од 25.03.2011 год. -Од страна наовој орган е донесено решение бр.21-56/4,директотот на ОУ.Наим Фрашери да постапи согласно норамтивот и законот за основно образование(сл.весник на РМ.бр.33/10). -Во колку не сте задоволни од постапката на директорот можете вашето право да го барате во други надлежни органи како и од Оштинскиот суд -Гостивар.Ја на 03.03.2011 год поднесов тужба до општ.суд Гостивар.Добив покана за судко рочиште за 11.05.2011 год основ работен спор.Но во тиа денови бев приморен да одам Германија.Поднесов на време поднесок за одлагање ,каде барав за да се одреди наредното рочиште после три недели од денот на одлагање.Поднесокот е земен во предвид но рочиштето е закажана за 24.08.2011 год.што значи 6 дена пред новата школска година.Сакав а се преместам во мојата професија,бидејќи сум во ОО на ЦК-Гостивар за што веќе добив одговор,а во еднаш и човек во години каде патувам секој ден од Нготино до Гостивар и обратно со комбе над 26 км.дневно.Прашам според законските одредби за основно образование,дали ќе биде во интерес за да учествувам на рочиште за одедениот датум,и дали епилогот ќе биде на мој интерес,бидејќи директорот го злоупотребил ЈОУ и се понашал како де е негов пашалук за да ржи на работа над 50% некваликуван кадри,е известен број кваликувани останале без работа и ако конкурирале уредно,еден од нив сум и јас. Со почит.
Одговор: Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија, број 13 од 01.02.2006 година), Основниот суд Виница може да Ви ги стави на располагање следниве видови на информации од јавен карактер (информации за):
- судски вештаци,
- преведувачи и толкувачи,
- нотари,
- адвокати,
- извршители,
- информации од јавен карактер за судското работење,
- статистички извештаи за работата на судот,
- информации за бројот на претставките и поплаките за работата на судот,
- информации за јавните седници, главни претреси и јавни расправи во судот и слободно присуство на граѓаните на нив,
- информации заради остварување на некое граѓанско право и интерес.
Вашето прашање содржи барање за правен совет / толкување кое можете да го добиете од адвокат и/ или од други лица кои нудат правна помош- толкување.
|
Од: Хасан Хода 04.07.2011 Категорија: За работата на судот
Прашање: Случајно ја прочитав судската одлука од Основен суд Виница,пресудена од судиката Даниела.Така слично имам и јас еден спор,околу плаѓќањето на минат труд,степенот на стручна спрема и патните трошоци.Имено,од 15.10.2009 год.,во Општинската Организација на Црвен крст - Гостивар, самоволно се повлеков од функција Секретар,односно раководител,со измама од страна на Извршниот одбор,дека ќе именуваат Секретар волнетер.Јас од 1.01.2010 год .за да го штедам буџетот од организацијата одев на боледување 3 месеци.Кога се вратив од боледување дознав дека волнетерката ја плаќаат по 10.000 мкд.И од тогај па до сега мене ми е на,малена платата за толку колку таа прима.Му имам кажано и на неа и на ИО сум се обратил два пати со преставки,кои можам да ви ги праќам,нема одговор.Јас имам 37 год.работен стаж и патувам секој работен ден од Неготино до Гостивар и обратно,за што плаќам 100 мкд.додека на сите 4 вработени со се мене не плаќаат линеарно по 17.830 мкд.Прашам дали можете да пресудите вие г.Даниела,бидејќи во осн.суд Гостивар тешко се донесува таква брилантна пресуда во интерес на вработен.Чекам одговор. Со почит.
Одговор: Во конкретниот случај, Вашите права од работен однос - парични побарувања, можете да ги остварите со тужба само пред стварно и месно надлежниот суд, Основниот суд во Гостивар, а согласно член 40 став 2 и член 58 од Законот за парнична постапка.
|
Од: игор трајкоски 08.03.2011 Категорија: Барање за пристап до информација од јавен карактер
Прашање: дали при бракоразводна парница ако едниот брачен другар зел ненаменски кредити за отплата на долг за лекување на другиот брачен другар,дали при делбата на имот и овие кредити се земаат во предвид..т.с дали треба двајцата брачни другари да ги отплајкаат по половина после разводот
Одговор: Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија, број 13 од 01.02.2006 година), Основниот суд Виница може да Ви ги стави на располагање следниве видови на информации од јавен карактер (информации за):
- судски вештаци,
- преведувачи и толкувачи,
- нотари,
- адвокати,
- извршители,
- информации од јавен карактер за судското работење,
- статистички извештаи за работата на судот,
- информации за бројот на претставките и поплаките за работата на судот,
- информации за јавните седници, главни претреси и јавни расправи во судот и слободно присуство на граѓаните на нив,
- информации заради остварување на некое граѓанско право и интерес.
Вашето прашање содржи барање за правен совет / толкување кое можете да го добиете од адвокат и/ или од други лица кои нудат правна помош- толкување.
|
Од: Марина Ефтимова 30.12.2010 Категорија: За работата на судот
Прашање: Почитувани,ме интересира дали ке може да биде објавена денешната пресуда донесена од Претседателот Благој Цикарски за тужителот Јованка Ефтимова против Винка Нет,бидејќи нашиот полномошник адвокат беше отсутен за време на читањето на пресудата.Однапред ви благодарам.
Одговор: Одлуката по предметот број РО-112/2010, во моментот на прием на Вашето прашање, не е објавена на интернет страната на судот бидејќи истата е во постапка на изработка.
Одлуката ќе биде објавена во законски, за тоа, пропишаниот рок. Учесниците во постапката и нивните законски застапници ќе бидат писмено известени за истото.
Содржината на истата одлука, анонимизирана, ќе биде објавена на интернет страната на судот ( кликнете тука), не подоцна од два дена од денот на објавување на одлуката во предметот.
Дополна (31.12.2010): Анонимизираната одлука по предметот број РО-112/2010, можете да ја погледнете тука ( http://osvinica.mk/Odluki.aspx?odluka=1622 ).
|
Од: Горан Трајчевски 02.11.2010 Категорија: Општо
Прашање: Се обидувам да најдам одлука од судот во Виница, за која очекувам да е објавена на интернет страната. Од познати информации знам само неколку имиња од учесниците во постапката. Се обидувам да пребарувам по име ама не добивам резултати. Како да постапам со пребарувањето, за да избегнам долготрајно- „рачно“, пребарување, пресуда по пресуда? Истиот проблем го имам и со пресудите на други судови каде сум се обидел да пребарувам.
Одговор: Објавените одлуки на интернет страната на основниот суд Виница, исто како и тие на останатите судови во РМ, се АНОНИМИЗИРАНИ, значи се отстранети личните податоци на лицата учесници во постапката, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РМ број 7 од 2005 година, и Законот за измена и дополнување на истиот закон од Службен весник на РМ број 124 од 2010 година).
Кога пребарувате со полно име и презиме или дел од нив на некој од учесниците , низ објавените одлуки на интернет страната, користејќи ја понудената форма на страната, нема да добиете резултат токму поради анонимизирањето на, во Вашиот случај, личното име и/ или презиме на еден од учесниците.
За да добиете резултати, наместо со полно име и/ или презиме или дел од нив, користете ги првите (кирилични) букви од името и презимето на лицето меѓусебно одделени со точка.
Пример, Вашето име и презиме би биле анонимизирани во форма „Г.Т.“ - без наводници. Во овој случај во формата за пребарување внесете ги податоците „Г.Т.“, повторно без наводници.
Ако постои објавена одлука каде се споменува Вашето име, истата ќе биде прикажана во резултатите од пребарувањето. Имајте на ум дека можни се и резултати кои се однесуваат на лица со друго име и/ или презиме, а кои се анонимизираат со исти иницијали како, во примерот, Вашето име.
Ако не успеете да ги добиете посакуваните резултати, контактирајте не по електронска пошта, телефон, телефакс или на Skype, и пребарувањето ќе го направиме од наша страна, а за резултатите ќе Ве известиме на начин на кој Вие ќе наведете.
|
Од: Адвокат од Штип 08.10.2009 Категорија: За работата на судот
Прашање: Како адвокат често работам со судот во Виница. Дали преку Skype контакот за кој велите дека е на располагање , можам да добијам информации за “моменталната состојба“ на предмети: 1. кои се во состојба на донесување одлука?, 2. постари предмети по кои судот веќе се произнел, а кои не се достапни на интернет страната или веќе се во архива?
Одговор: Како aдвокат кој често работи со судот во Виница, знаете дека можете да бидете информирани лично во архивата на судот и да добиете информација за моменталната состојба на предмети кои се во состојба на донесување на одлуки, а исто така и да се информирате и за предмети кои веќе се архивирани.
|
Од: Mare Stojanova 02.09.2009 Категорија: Поплака за работа на вработен-(ите)
Прашање: Za vreme na mojot prestoj vo Vinica, go posetiv sudot za da dobijam dokumenti koi mi se potrebni za reguliranje na prestojot na moeto semejstvo vo Italija, kade privremeno rabotam i ziveam. Iako dokumentite gi dobiv , posle 2 dena setanje na relacija sud Vinica- sud Kocani (kade sostojbata e ista duri i polosa), seuste ne mozam da se oslobodam od cuvstvoto na aroganten odnos od strana na edna od vrabotenite vo sudot vo Vinica i nejzinot komentar "toa ne e moja rabota. dojdi vo ponedelnik (toa znacese 4 dena cekanje)", za da odmah posle toa sedne da pie kafe. Od druga strana, nejzin kolega istata rabota mi ja zavrsi za nekolku casovi istiot den. Kako i na kogo da dostavam informacija za moeto iskustvo so vrabotenite vo sudot vo Vinica, a po moznost i vo Kocani (kade vraboteniot koj trebase da go zaveri dokumentot, go cekav 2 casa za da dojde od "vtori sprat"!)
Одговор: Вработените во судот - судските службеници, се должни да им обезбедат на граѓаните ефикасно и законито остварување на нивните уставни слободи, права и интереси во постапките пред судовите.
Во однос Вашето искуство за арогантен однос на еден од вработените во судот во Виница; можете да доставите поплака или претставка до Претседателот на судот против тоа лице , со барање да бидете известени во врска со наводите во претставката односно поплаката, истото можете да го сторите и за вработеното лице во Кочанскиот суд, до Претседателот на Основен суд Кочани или на нивната интернет страна наведена овде.
Поплаката односно претставката можете да ја доставите и по електронски пат на адреса sudvinica@t-home.mk, или на ОнЛине формата тука, со наведени Ваши точни податоци и потпис, а исто така и по пошта на адреса Основен суд Виница, ул. „Бел Камен“ бб, Виница, Република Македонија.
|
Од: Трајан Органџиски 22.07.2009 Категорија: Документи, обрасци, заверки
Прашање: Имам итна потреба од издавање / добивање на на Апостиле печат / заверка. Бидејќи вработените во судот се на годишен одмор, дали истото ќе може да се направи во судот во Виница. Ако не може молам за информација каде истото да го направам.
Одговор: Заверката на документи наменети за употреба во странство (Апостиле заверки) како и другите видови, може да се направат во судот и покрај сезоната на годишни одмори. Во секое време постои лице кое може да Ве услужи навреме и квалитетно.
Канцеларијата на вработеното лице кое работи на заверки се наоѓа на приземје, соба број 2.
Работното време на судот е од 08:30 часот до 16:30 часот. Препорачано време за поднесување на барање за издавање на заверки е во периодот до 12:00 часот, поради потребата од административна работа која може да потрае и неколку часови, а во зависност од Вашите потреби. На таков начин уште истиот ден ќе Ви биде издадена заверката (Апостиле печат).
|
13.03.2009 Категорија: Општо
Прашање: Дали имам право на надомест на моите трошоци како сведок?
Одговор: Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право.
За надоместокот за денгубата, сведокот треба да положи доказ за изгубена заработувачка.
|
|
|
|
|